Дејност

Ние сме прво друштво во Македонија кое е специализирано за посредување при признавање на оштетни побарувања. Во случај да сте се повредиле во сообраќајна несреќа, на работно место, на јавна површина или било каде на друго место, ние Ви помагаме да во најбрз можен рок добиете највисока можна оштета.

Ви ги нудиме следните услуги:
  • бесплатен правен совет за вашиот пример;
  • водење на целиот процес за добивање на оштета пред осигурителната компанија или трето лице;
  • преговори за висината на надоместокот за штетата;
  • потпис на порамнување во името на оштетеното лице со негово претходно одобрување.
Оштета ДОО е формирана во Македонско Словенечко партнерство по моделот на најуспешните Словенечки, Европски и Американски друштва за надоместување на штети. Оштетите во споменатите држави се на високо ниво и луѓето се свесни за своите права и тоа токму по заслуга на друштвата за оштети и затоа достигнуваат огромни вредности. Затоа мислиме дека и во Македонија созреал моментот за прво такво друштво.
 
Без трошоци – без ризик!
За своите услуги пресметуваме само провизија одредена во проценти % што значи дека нашите приходи зависат од тоа колку ние сме успешни. Ги сносиме сите трошоци ако не дојде до порамнување со осигурителната компанија или трето лице од било какви причини. На странката во времето на постапката не и се пресметуваат никакви трошоци и не бараме никакви аванси и претплати. На тој начин странката до исплата на оштетата всушност нема никакви парични обврски спрема нас, дури по исплатата на оштетата пресметуваме провизија со претходно договорен и со договор одреден процент.
 
Што може да очекувате од нас?
Може да очекувате стручно и најдобро правно советување од областа на штетите. Ние сме специализирани во областа на оштетите и ви нудиме брза, стручна и професионална услуга. Исклучиво сме заинтересирани за вонсудско порамнување и посредување само со осигурителните компании.
 

Како да постапите во случај на сообраќајка? 

Изработка на договори 

Sposored Links

Дали знаете дека?

Facebook Image