Несреќа на РАБОТНО МЕСТО E-mail
There are no translations available.

„Дали сте се повредиле на работно место?„

„Дали сте се повредиле додека сте оделе на работа или сте се враќале од работа?„
 
„Дали сте се повредиле поради тоа што не била посветена доволна грижа за безбедноста при работа?„
 
 

Доколку работникот доживее телесна повреда на работно место во поголемиот дел на случаи има право на парична оштета. Услови за парична оштета се следни:

  • Повредата при работа мора да настане заради одговорност на страна на работодавачот и
  • Работникот не смее при работата да се однесува безгрижно, маломарно или да работи без предпишани заштитни средства кои се задолжителни за работа на работното место и во спротивност со упатствата за безбедна работа.
  • Доколку повредата настане и за неа е крив работникот, работодавачот не е должен да му исплати оштета, дури и ако е повредата која ја претрпел работникот многу тешка.
Првиот тип на одговорност (субјективна одговорност) кај работодавачот е кога повредата на работникот се должи на маломарност на работодавачот, истиот е свесен дека може заради неговата маломарност да настане штета, а мисли дека може да ја спречи или дека таа нема да настане, или доколку не е свесен за штетниот резултат, а таквиот резултат морал да го знае.
 
Друг тип на одговорност или објективна одговорност на работодавачот означува одговорност за штета без оглед на вина. Се работи за одговорност која работодавачот ја носи заради поседување на опасни работи или изведување на опасни дејности. За повредата од работи и дејности од кои извира голема опасност за повреда, одговара работодавачот без оглед на својата вина. Тука спаѓаат и повредите при изведување на работните обврски кои работниците ги претрпуваат на своето работно место.
 
Повредениот работник е должен веднаш а најдоцна во рок од 24 часа од настанувањето на повредата, зависно од ситуацијата: посредно преку друго лице доколку не е во состојба лично, непосредно по телефонски пат, во писмена форма или по електронски пат да го извести Одговорното лице кај работодавачот за настанатата повреда и да обезбеди Изјава во која ќе ги наведе околностите под кои се случила повредата при работа како и Изјави од најмалце двајца очевидци.
 
Повредениот работник треба да обезбеди и Пријава за несреќа при работа (Образец ЕТ-8) која ќе биде пополнета од лекарот кој го прегледал и кој ја констатирал повредата. Пријавата за несреќа при работа мора да ги содржи следните податоци: причина за повредата, како се однесувал работодавачот за време на несреќата и дали работодавачот обезбедил безбедни услови за работа.
 
Пријава за несреќа се дава и во случај кога за повредата на еден работник е виновен друг работник. За повредата која што ја предизвикува работникот при работа или во врска со работата на трети лица исто така одговара работодавачот кај кого работникот работел во моментот кога штетата настанала освен во условите кога може да се докаже дека работодавачот во дадените околности се однесувал како што е претпишано.
 
Работодавачот обично својата одговорност за повреди на работниците ја осигурува во осигурителна компанија – осигурување од граѓанска одговорност. Доколку е склучено такво осигурување барањето го насловуваме на надлежната осигурителна компанија. Доколку работодавачот нема склучено осигурување од граѓанска одговорност барањето за оштета го насловуваме директно на работодавачот.
 

What to do in case of a traffic accident?

Contracts 

Sposored Links

Did You Know...?

Facebook Image